Вести Македонија Топ вести

Само пратеникот Панчо Минов не користeл социјални медиуми во 2020 -та

Политичкиот натпревер, битката за гласови и критиката на политиките освен во собраниската сала се одвивала и на социјалните медиуми. 2020 –та година на интернет рекорди – 119 пратеници биле активни на социјалните мрежи, а таму не се појавил само пратеникот  Панчо Минов кој изминатата година не користел фејсбук или твитер. Претходната 2019-та само 87 од 120 пратеници зеле учество на социјалните мрежи. Истражувањето на инистутит за добро управување ги измерило и градоначалниците, а само седуммина од 81 не успеале да отворат профил на некоја социјална мрежа.

Неуморен корисник од извршната власт на социјалните медуми е првиот Вицепремиер Артан Груби, кој често обајвува содржини. Сите министри имаат фејсбук профил. Достапен на интернет е е претседателот на државата Стево Пендаровски ,а едиснтвено минситерство кое не користели некоај од социјалните мрежи измиантата годиан е министерството за економија. Но, она што го открило истражувањето на инситутот е дека освен што објавуваат содржини, јавните фаункционери не комуницираат со граѓаните на интернет.

Зад себе армија поддржувачи имаат профилите на фејбуск на поранешниот и сегашниот премиер на државата. А, зад нив се опозиционерите Христијан Мицковски од ВМРО – ДПМНЕ и Димитар Апасиев од Левица. Оваа година се очекува раст од 80 на 85 проценти од граѓаните да приклучат на интерет, а според претходни истражувања на институтот за добро управување 2/3 од нив се дел од некоја социјална мрежа.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе