Македонија Топ вести

Во болниците се лекуваат 875 пациенти од Ковид, има околу 430 слободни кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 875 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 519 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

– По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 19 болни, а во Куманово 85 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, наведуваат од Министерството.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 69 во ковид центарот во Гостивар 29, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 10, Кавадарци 28, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар пет позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од Министерството за здравство посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот, додаваат, се прават и исписи на оздравени пациенти со што се ослободат дополнителни легла.

– Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, посочуваат од Министерството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе