Без големи очекувања за големи промени се невладините организации кои ги следат реформите во правосудниот систем.
Откако министерот за правда Бојан Маричиќ, обвинителството и судскиот совет ја промовираа таканаречената методологија за филтрација, од коалицијата сите за правично судење велат дека и нема нешто многу ново од она што го има во досегашниот закон.
Единствено ново е формирање на тричлени комисии за оценка на судии, но остануваат да се оценуваат предмети кои се од претходните само три години.
Ќе се оценуваат и обвинителите на секои шест месеци. Но апсурдно е тоа што ако за некој обвинител има дисциплинска постапка и тој сам си поднесе оставка нема никакви други реперкусии велат од коалицијата. До сега обвинителството не гонело ниту еден несовесен колега.
Реагираат и од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Обвинуваат дека прочистувањето во судството ќе го вршат луѓе од СДСМ само за да се спаси и премиерот Зоран Заев.
Независноста на правосудниот систем со години е критикуван од Европската Унија а во извештаите на експертската група на Прибе беше нотирано дека има контрола и злоупотреба на системот од моќни судии за политички интереси. Власта сега се е пред предизвикот да го филтрира системот од несовесните судии, но според она што е сега предвидено и нема радикални промени во начинот на кој ке се прави тоа, велат познавачите.
Билјана Николовска