Вести Македонија Топ вести

Филипче: Ако не се почитуваат мерките можен е мини пик по Нова Година

Бројките паѓаат, притисокот врз здравствениот систем се намалува, болниците почнуваат да се празнат но се може многу лесно да се смени и повторно да ги гледаме сликите и бројките од пред петнаесетина дена, доколку не се почитуваат препораките и мерките за Нова Година и празниците кои следат.

Министерот Филипче не ја исклучува можноста од нов мини пик во бројките, но вели дека здравствениот систем е подготвен да го пресретне. Сепак тој апелира до граѓаните да бидат свесни и совесни за да се намали ризикот.

Експертите со слична прогноза. Бранче или бран, но зголемување ќе има

А бројките од ден во ден се намалуваат. По долго време за прв пат имавме двоцифрен број на новозаболени во едно деноноќие. Завчера прв пат немало ниту еден приуем на интерните клиники во Скопје. Здравствениот систем полека почнува да излегува од стегите на епидемијата, а во речиси сите болници има слободни кревети.

Имунизацијата на населението со вакцини ќе биде процес кој ќе трае подолг период, а надлежните имаат потполна доверба во Коакс системот и покрај бавниот старт.

Досега, Полска, Грција и Бугарија најавија дека дел од вакцините кои ќе им бидат доставени ќе ги донираат на Македонија а од вчера в  оваа иницијатицва се приклучи и Австрија. Филипче уште една потврди, во март почнува вакинацијата на населението

 

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе