Македонија Топ вести

Одземено возилото на човекот што клечеше пред Цар Самоил на плоштадот – возел под дејство на алкохол и без возачка

Низа прекршоци утврдила полицијата кај човекот што вчера со автомобил влезе во забранета зона на плоштадот. Во видео од 24 секунди тој клечи, се крсти и се клања пред споменикот на Цар Самоил во најстрогиот центар на Скопје. Возилото „Опел Астра“ со скопска регистрација на видеото е веднаш до него, со вклучени трепкачи.

Зошто сторителот го одбрал баш овој споменик од сите овие на плоштадот, веројатно, само самиот тој знае.

А, дека најверојатно не размислувал во целосно свесна состојба велат од полицијата во соопштение. Возел под дејство на алкохол.

Б.С. е приведен во Полициската станица Центар, а возилото му е задржано. Покрај тоа, изречени му се мерки за возење под дејство на алкохол, неносење возачка и сообраќајна дозвола, измината важност на возачка дозвола и движење спротивно на сообраќаен знак, велат од МВР.

Колку е безбеден најстрогиот центар на градот, околу плоштадот – коментираат граѓаните. Ниско ниво на совест, покажување на социјалните мрежи, неказнивост – во се’ од тоа ја лоцираат причината за поведението на поединци што ги гледаме по социјалните мрежи.

Една од интересните точки во Центар е кејот каде што се и голем број од угостителските објекти. Стои полицаец бидејќи нема рампа за возилата. Овде стоеше хидраулично столпче коешто се спушта и крева за возилата, но тоа е оштетено и најверојатно намерно велат од Град Скопје. Дозволено е да поминуваат возила за дотур на роба за угостителските објекти, но најчесто тоа се злоупотребува од гостите во одредени локали.

Во меѓувреме Обвинителството се уште го разгледува случајот со упадот на автомобилот „Бентли“ на скопскиот плоштад помеѓу посетители, кажа Државниот обвинител Љубомир Јовевски иако потврди дека согласно одлуките на Судот за човекови права, за исто дејствие не може да се одговара и прекшочно и кривично.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе