Вести Македонија Топ вести

Приведени осум терористи -планирале убиства и напад на јавни објекти во земјава

Разбиена е терористичка организација која планирала напади во земјава. Уапсени се осуммина членови на групата кои се на возраст од 21 до 32 години и тоа тројца се од скопје а петмина од Куманово. Еден од нив претходно учествувал и во паравоени формации надвор македонија како припадник на терористичката организација ИСИС во Сирија. Акцијата е продолжение на онаа која се случи пред четири месеци кога беа уапсени тројца терористи меѓу кои тогаш беше и основачот на групата.

Претреси биле извршени на осум локации а според МВР оружје и експлозивни сретства биле најдени близу Менкова Колиба кумановско. Терористите меѓу себе комунициале на интернет апликацијата „Whats App“ а освен што договарале како ќе го транспортираат оружјето се договарале и како да се изработат самоубиствени појаси.

Инаку според претходните информации лидерот на ќелијата одлежал 3 години затвор по пресуда за учество во странска војскабидејки од 2016 та се борел во ИСИС. И другите двајца кои беа уапсени со него се поранешни затвореници за истот дело. Беа уапсени во центарот на Куманово, живееле во урбани средини а главниот дури имал и стан во скопје каде често престојувал. Тогаш Директорот на АНБ Виктор Димовски рече дека целта на групата биле витални државни објекти, но истрагата беше насочена и кон тоа кој ке ги носел самоубиствените појаси, сомнежите беа дека се врбуваат извршители на планираните напади. Денес нема одговор дали меѓу сега уапсените имало доброволци.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе