Вести Свет Топ вести

ЕУ на земјите од Западен Балкан им додели 70 милиони евра за набавка на вакцини

Земјите од Западен Балкан ќе добијат пакет од 70 милиони евра од Европската Унија, за да ги купат вакцините против ковид 19 од земјите членки. Парите се доделени во рамки на Инструментот за претпристапна помош ИПА 2, а ќе се исплатат во облик на грантови.  Од ЕК велат дека овие пари земјите од Западен Балкан ќе можат да купат одреден број вакцини преку Договорот за набавка на ЕУ со шест производители, со тоа што одделни земји членки на Унијата ќе го поделат делот од своите однапред добиени дози.

За Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ова е доказ дека ЕУ го третира Западен Балкан како привилегиран партнер.

Во тој дух продолжуваме да делуваме и во случај на вакцините, преземајќи чекори кои овозможуваат брз почеток на кампањи за вакцинација на критичните групи во регионот. Брзата вакцинација ќе биде пресудна за завршување на пандемијата и почеток на општествено-економското закрепнување на Западен Балкан, порача Вархеј.

Брисел објаснува дека преку меѓународната иницијатива КОВАКС, за која земјите од Западен Балкан се пријавија, испораката на вакцини ќе почне подоцна од кампањата за вакцинирање во ЕУ, но Унијата „ќе го пополни тој јаз“, така што на регионот ќе му овозможи пристап до одреден број дози од своите купопродажни договори.

Над 870 милиони евра од ЕУ и земјите-членки на ЕУ се наменети за КОВАКС, кој пак има за цел да купи две милијарди дози до крајот на 2021 година, вклучително и над 1,3 милијарди за земјите во развој.

Меѓутоа, се додека не се обезбедат вакцините преку КОВАКС механизмот, Комисијата, ќе ја координира и донацијата на некои дози набавени од земјите-членки на ЕУ на различни партнерски земји со цел да се гарантира нивниот ран пристап до вакцините.

Во меѓувреме, продолжува вакцинацијата против корона вирусот во земјите членки на ЕУ. Но, се не оди така лесно. Во делови од осум ЕУ земји вакцинацијата е одложена, бидејќи од Фајзер не ги доставиле вакцините поради логистичкиот проблем што се однесува на температура од минус 70 степени која е потребна за вакцината да остане стабилна. Локалните власти сега се обидуваат да ги создадат потребните услови за транспорт на вакцината во помалите градови.

 Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе