„Здрава котлина“ вели дека следната година ќе биде тешка, но и бурна во поглед на борбата за животната средина. Откако Вишиот управен суд го врати прашањето за рудникот Иловица, активистите најавуваат радикално движење со протести и жив штит во одбрана на Огражден.
Еден од најголемите активисти против рудници, жител на Штука Ило Малинов, смета дека граѓаните не треба да се потпираат на вработувања и економски придобивки, бидејќи траењето на рудникот е околу две децении.
Од концесионерот Еуромакс потенцираат дека проектот е во склад со современите технолошки достигнувања и нема да има негативни влијанија врз околината.
Сузана Мицева