Вести Македонија Топ вести

26 починати од корона вирусот, 530 нови случаи

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83г), еден од Куманово (69г), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71г), еден од Тетово (53г), три од Струга (56, 84 и 81г), двајца пациенти од Битола (62 и 74г), тројца од Охрид (66, 65 и 79г), двајца од Гостивар (68 и 82г), двајца од Струмица (74 и 62г) и еден пациент од Делчево (56г). Пациентите се починати во болнички услови.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1999 тестирања, а регистрирани се 530 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-229, Куманово-37, Штип-10, Прилеп-37, Тетово-5, Струга-13, Велес-14, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-32, Гостивар-13, Гевгелија-9, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-4 Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-1, Пехчево-8,  Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-8, Неготино-12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 538 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81425, бројката на оздравени пациенти е 58720, на починати е 2427, а бројот на активни случаи изнесува 20278. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 35148, активни 11519
  • Куманово 4642, активни 578
  • Дебар 605, активни 118
  • Штип 3250, активни 313
  • Прилеп 4114, активни 649
  • Тетово 4691, активни 905
  • Струга 1985, активни 357
  • Велес 2694, активни 526
  • Битола 2971, активни 627
  • Охрид 2350, активни 599
  • Кавадарци 2042, активни 583
  • Гостивар 3336, активни 612
  • Гевгелија 1121, активни 299 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 2255, активни 636
  • Крива Паланка 597, активни 119
  • Радовиш 602, активни 124
  • Крушево 161, активни 71
  • Кочани 1574, активни 252
  • Пробиштип 440, активни 47
  • Демир Хисар 232, активни 39
  • Македонски Брод 210, активни 27
  • Пехчево 145, активни 26
  • Берово 487, активни 51
  • Валандово 299, активни 67
  • Виница 440, активни 67
  • Делчево 662, активни 205 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 192, активни 24
  • Свети Николе 1031, активни 121
  • Кичево 1549, активни 254
  • Ресен 625, активни 140
  • Неготино 975, активни 326 (153 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе