Вести Македонија Топ вести

Маратонската седница за ГАМА полна со говор на омраза од ВМРО ДПМНЕ и Левица

Маратонска собраниската расправа за законот за решавање на деценискиот спор меѓу Владата и Макпетрол.

Седницата почна вчера попладне, а траеше до рано утрово и истата дополнително ќе биде закажана. Пратениците од  ВМРО ДПМНЕ и Левица со говор на омраза , навреди кон Макпетрол, Телма и нивните менаџерски тимови,  реплики и контрареплики се обидуваа да го спречат донесувањето на законот.   Се очекува во Понеделник да биде изгласан законот  со кој би се решил долгогодишниот спор меѓу државата и Макпетрол, а со тоа  би се решиле проблемите со гасификацијата.  Законот за енергетика  е усогласен со европските директиви и истото го налага Енергетската заедница.

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека треба да се прави разлика помеѓу номиналната и актуелната вредност на секое АД и додаде дека со изградбата на гасоводот како држава ќе добиеме поевтин енергенс и ќе се намали загадувањето на животната средина, а индустријата ќе стане поконкурентна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе