Вести Македонија Топ вести

Австрија од полноќ по третпат се „заклучи“

Од полноќ во Австрија стапија во сила нови построги мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот, со кои земјата повторно се затвори, по третпат оваа година.

Третото заклучување ќе трае еден месец, до 26 јануари, но за оние кои ќе учествуваат во доброволното масовно тестирање, „отклучување“ ќе биде можно од 18 јануари.

Со новиот карантин повторно стапи во сила целодневниот полициски час, а од дома може да се излезе за да се купуваат дневни потреби, да се оди на лекар, да се оди на работа, но и да им се помага на другите и да се шета или да се занимава со индивидуален спорт поради ментално и физичко здравје.

Построгите мерки предвидуваат значително намалување на контактите, така што на едно домаќинство му е дозволено да има контакт со само едно лице од друго домаќинство.

Тоа значи дека дури и за Нова година нема да биде можно да се напушти куќата без валидна причина, како и да се слави со оние кои не се членови на домаќинството.

Сите продавници, освен самопослугите, аптеките, пекарите, месарниците и слично, како и аптеките, се затворени.

Отворени се и сервисите за автомобили и велосипеди.

Рестораните и хотелите, како и културните институции, остануваат затворени.

На јавни места, останува правилото за растојание од еден метар од другите лица, а во затворен простор мора да се носи маска.

Исто така, до 18 јануари е во сила построг режим за влез во Австрија, кој предвидува задолжителен десетдневен карантин, кој може да се прекине со негативен тест, но само по петдневна изолација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе