Вести Македонија Топ вести

Во борбата со корона вирусот во земјава влегува и лекот ивермектин

Комисиите дадоа позитивно мислење за лекот ивермектин кој треба да помогне во лекувањето на заразените од корона вирусот. Ова за Телма го потврди директорот на агенцијата за лекови МАЛМЕД, Лирим Шабани.

Имаме позитивно мислење од комисијата за заразни болести и сега останува да видиме кои фармцевски компании се заинтересирани за негова набавка. Се работи за многу евтин лек, но сепак ќе работиме и очекувам за многу брзо време да го има во аптеките. Не сакам да шпекулирам за точно кога, но за неколку денови мислам дека ќе успееме, вели Шабани. 

И министерот за здравство Венко Филипче вели дека повеќе студии пишуваат дека овој лек има ефект во лекувањето на пациентите со ковид 19. Според дел од нив ивермектин за 5 000 пати за само еден ден го спречува ширењето на вирусот кај пациентот и обично се дава во пораната фаза од заразата.

Но, во земјава пациентите кои веќе се заразени се жалат дека има недостиг и на друг лек, а тоа е клексанот кој им се дава против згрутчување на крвта. Спорд Филипче месецов се пуштени и двојно повеќе дози во споредба со претходниот месец.

Според информациите на Телма клаксаните ги има во болниците за пациентите кои се на лекување таму, но оние кои се на домашно лекување велат дека само ако ти се посреќи ќе најдеш по аптеките. Мака мачат и трудниците, но и заразените кои имаат проблем со коагулација на крвта. Инаку повеќе од еден месец бројот на заболени е над 20 илјади, а само цо Скопје во моментов се хоспитализирани 441 пациент, а денеска биле примени 44 ца. Од утрово во ковид центрите во главниот град имало 76 слободни болнички кревети. Во целата земја има 1045 хоспитализации а околу 300 празни кревети.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе