Немало организација во протестите на Заедничка Македонија кои кулминираа со упад и насилства во Собранието на крвавиот четврток на 27-ми април, туку народот се саморганизирал за погрешните политики во најава, ова во своето сведочење го истакна актуелниот лидер на опозицијата Христијан Мицкоски. Повикан од одбраната, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во партиските органи тогаш немало разговори ниту организирање на протестите од членови на партијата, а ова тврдење го кажа како тогашен член на извршниот комитет.
Мицкоски и пред судот и пред новинарите рече дека како граѓанин сам одел да протестира кога има време, на прашање од судот обајснуваше дека немало политичка организација зад протестите затоа што тогаш би имало многу повеќе луѓе на нив. На 27-ми април ја видел толпата, дошол пред собрание, не влегол внатре, па си заминал. На ова сведочење се соочи со обвинителката Вилма Рускоска чиј лик го употребуваше и во партиската изборна кампања. Таа го праша дали додека протестирал пред Собранието имал намера да влезе внатре, но адвокатите од одбраната тврдеа дека Мицкоски не протестирал. Прашањето остана, а Мицкоски на Рускоска кратко одговори дека немал намера да влегува во собранието. Во своето сведочење истакна дке бил и советник на тогашниот премиер Никола Груевски, а вели дека дента не се слушнал со него.
Покрај Мицкоски, сведоци беа и поранешни владини функционери Владимир Пешевски, поканета беше Гордана Јанкулоска, а не се појавија Никола Тодоров, Даниела Рангелова и Диме Спасов иако биле поканети за сведоци на одбраната на обвинетите за организација на собранискиот упад од 27-ми април 2017-та.
Миомир Серафиновиќ