Ковид19 Македонија Топ вести

Првата пратка симболични по 9.750 вакцини на „Фајзер“ на пат кон земјите на ЕУ

Со полиција, хеликоптери и дронови ќе се обезбедуваат вакцините за коронавирусот кои денеска и утре се дистрибуираат од Белгија кон земјите-членки на Европската унија. Првата доза која ќе ја добијат сите земји-членки е идентична и симболична – по 9.750 вакцини од произведувачот „Фајзер – Бионтек“ со што синхронизирано ќе започне вакцинирањето во Европската унија в недела на 27 декември.

Во Грција 3.000 полицајци 24 часа ќе ги обезбедуваат местата каде тие ќе бидат складирани, а потоа дистрибуирани до над 1.000 вакцинални пунктови низ земјата, каде на островите ќе се дистрибуираат со воени авиони. 9.750-те дози ќе пристигнат во Грција до утре, додека до 30 декември се очекуваат да пристигне првата поголема пратка од над 83.000 дози. До крајот на март Грција очекува да и бидат дистрибуирани еден милион и 265 илјади вакцини на „Фајзер“. Грција со која Македонија склучи договор за набавување на вакцини преку механизмот на ЕУ за дистрибуција на вакцини, очекува во првата фаза од „Фајзер“ да добие 300.000 вакцини, наместо прво очекуваните 500.000, откако произведувачот објави дека 100 милиони произведени дози до крајот на 2020 година се недостижни и го пролонгираше до крајот на јануари.

Првата пратка вакцини на „Фајзер“ пак во Бугарија со која исто така Макеоднија има склучено догоор за набавка на вакцини се очекува да пристигне вечерва или најдоцна утре изутрина, а по Нова година уште 52.000 дози. Вакцинацијата против Ковид во Бугарија ќе започне во Софија, Пловидв и Бургас, а прв ќе се вакцинира министерот за здравство. Во Бугарија по применета втора доза на „Фајзер“ вакцината на вакцинраните ќе имс е издава вакцинален сертификат. Во февруари во Бугарија с еочекува да пристигнат уште 90.000 дози на вакцината на „Фајзер“, а од март уште 150, 200 и 300 илјади дози.

Вакцинацијата в недела почнува и во Словенија, каде до утре ќе и бидат испорачани 9.750-те вакцини, исто и во Хрватска, која инаку има нарачано 5, 6 милиони дози вакцини од различни производители. Од „Астра Зенека“ ќе добие 2.7 милиони вакцини, 900.000 од „Џонсон и Џонсон“, 500.000 од „Фајзер“ и од „Модерна“. И Словенија и Хрватска со првата доза ќе вакцинираат околу 4.700 лица од најзагрозените категории од коронавирусот – лицата во старските домови и лекарите кои работата во ковид центрите.

Полска пак, третата земја со која имаме договор за набавка на вакцини преку механизмот на ЕУ за дистрибуција, по симболичната прва доза од 9.750 вакцини, до крајот на декември очекува да добие дополнителни 300.000 вакцини, а до крајот на јануари Полска очекува да и бидат дистрибуирани 1,5 милиони вакцини.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе