Македонија Најважни

Маричиќ за разрешувањата: Секој има право да се жали, но има цврсти аргументи

„Секој има право да се жали, но Судскиот совет не би донел одлука без да ги разгледа сите аспекти„.Вака министерот за правда ја коментира најавата за жалба од судијката Весна Кичеец која беше разрешена поради несовесно и нестручно постапување.

Судијката Кичеец од Основниот суд во Охрид, Судскиот совет ја разреши поради процесот за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски, кој беше претепан  до смрт од страна на српски државјанин на новогодишната ноќ во 2016 година, во центарот на Охрид. Советот утврдил грешка во нејзиното работење поради неитно постапување, со што на обвинетиот Бојан Угреновиќ му истекол притворот и излегол на слобода, по што избега од Македонија. Во отсуство, беше осуден на 16-годишна затворска казна, но никогаш не ја одлежа.

Судијката тврди дека, одолговлекувањето на случајот не е нејзина вина. Донела пресуда за само месец и половина, но за Апелација од Битола казната била висока. Ја укинале пресудата, а казната била намалена на 8 години затвор. Но, Врховен суд ја преиначил таа одлука и повторно изрекол 16 години. Сепак, во меѓувреме, виновникот избегал.

Министерот тврди дека веројатно ќе има уште вакви случаи, но секој може да се жали.По Нова година, прочистувањето во правосудството ќе се засили, а ќе следи и ЕУ-мониторинг на случаите на висока корупција. Во планот на министерството за идната година се и измени во Изборниот законик, но не е сигурно меѓу нив ќе се најде моделот на една изборна единица.

Следната година ќе се менува и Кривичниот законик, ќе има повисоки казни, особено за загадувачите на животната средина, но конфискацијата на имот за случаите на висока корупција, не е во приоритетите. Пописот останува во план за април следната година.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе