Вести Македонија

Корона роденденска забава во скопско поткровје, откриени наркотици, приведени 13 млади

Полицијата соопшти дека привела 13-мина на возраст меѓу 21 и 31 година од кои дел консумирале наркотици за време на претресот изведен со судска наредба.

Станува збор за роденденска забава во стан во центарот на Скопје, а полицијата соопшти дека се најдени повеќе видови на наркотици. На фотографиите кои ги објави МВР се гледаат и пари откриени кај учесниците на прославата.

Од МВР соопштија дека:

-На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом, по претходно обезбедена наредба  од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице.

При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога. Приведени се М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23). Дел од лицата биле и затекнати додека консумирале наркотични средства.  Против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе