Свет Топ вести

Што содржи трговскиот договор на Британија со ЕУ?

Густо куцан текст на 1.500 страници полни со додавки и фусноти ги  утврдува правилата според кои Британија и ЕУ во иднина ќе тргуваат меѓусебно. Новата ера почнува на 1. јануари кога се става точка на 50-годишните односи меѓу Британија и ЕУ. Многу работи ќе се променат, општо земено меѓунив сега ќе има повеќе препреки. Велика Британија излегува надвор од економската зона на ЕУ, од единствената царинска унија. А тоа значи многу бирократија, многу оптеретувања за компнаиите и за патниците кои треба да ги поминуваат границите. Официјален Лондон воведува нов емиграциски систем со кој се става крај на слободното движење со унијата. Британските граѓани ќе го изгубат автоматски правото на живот, работа и пензионирање во остатокот од Европа. Амбасодорите на земјите од ЕУ денеска прават проценка на чија сметка е постигнат компромисот, кој направил отстапки и на кои подрачја. Но претседателката на ЕК, со оценка дека по долги преговори постигнат е  договорот кој е избалансиран.

Конечно дојдовме до договор. Беше тоа долг и кривулест пат, но имаме добра понуда за тоа, која е фер. Тоа е избалансиран договор и е виситнска и одговорна работа направена за двете страни. Преговорите беа многу тешки со многу вложувања и тоа е договор за кој вреди да се бориме. Тоа ќе ни овозможи да избегнеме големи нарушувања на работниците, деловните субјекти и патниците по 1. јануари, тоа ќе ги заштити европските интереси и овој договор, исто така, верувам, е во интерес на Велика Британија, ијзави Фон Дер Лајен.

Во божикната видео порака, премиерот Борис Јонсон, мафташе со нацрт документот. И рече дека ова е голема радост и дека има подарок за сите.

Вечерва на Бадник, имам мал подарок за секого, кој бара нешто за читање, во опуштените моменти после божиќниот ручек. И еве го вести, расдосни вести за голема радост, бидејќи ова е договорот. Договор кој им пружа сигурност на патнците и сите инвеститори во нашата земја од 1. јануари, договор со нашите пријатели и партнери во ЕУ, порача Џонсон.

Британската опозиција која треба да крене рака во знак на одобрување на договорот на 30 овој мецес, критикува дека ова е тенок договор и на штета на британското стопанство.

Изборот со кој се соочува парламентот, изборот со кој се соочуваат лабуристите, сега е дали да се прифати тој договор или да се одбие. Договорот е тенок договор. Тој не обезбедува соодветна заштита за британското производство, нашите финансиски услуги, креативните индустрии или правата на работното место. Не е зделката што владата ја вети. Далеку од тоа, смета лидерот на Лабуристите Кир Стармер.

Граѓаните на Европа и на Островот сè уште не знаат што всушност значи договорот, како ќе го почуватсвуваат и какво влијание ќе има врз нивните животи. Франција веќе најави сеопфатна контрола врз британската стока од следната година, ангажираше 1.300 лица за контрола на стоките од Велика Британија.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе