Свет Топ вести

Блокирана британската страна на Ла Манш

Пристаништето Довер во Британија е целосно блокирано по обновувањето на железничкиот, воздушниот и поморскиот сообраќај со Франција. Илјадници камиони и автомобили се заглавени во југоисточна Англија откако Франција во неделата го забрани секое патување меѓу двете земји. Одлуката беше донесена откако офицајелн Лондон го потврди приссутвото на новиот вид на корона вирусот кој се шири на југоистокот на земјата. НО вчера беше постигнат договор меѓу двете земји за камионите кои доаѓаат од Велика Британија, како и патниците од ЕУ и Британските државјани со престој во ЕУ да може да влезат во Франција, а ко имаат негаивен тест не постар од 72 часа. Меѓутоа утринава непробојни се редиците на патници на британската страна на Ла Манш, кои започнаа штарјк и влегоа во вербален судир со полицијата дедека чекаа на пристаништето. Патниците велат дека и покрај тоа што имаат негативен тест не можат да поминат.

Дојдов овде пред два три часа со автомобилот и сега таму чекаат уште 30 автомобили во ред, но во меоментов се е заглавено, бидејќи некои автомобили го блокираа влезот во пристаништето бидејќи немаат негативен тест, но тие не сакаат да направат место за луѓето како мене кои имаат негативни резултати од тестирањето. Значи, во основа, нема смилса, бидејќи оние луѓе кои можат да ја поминат границата не се можност сега и сега се е блокирано, објаснува Бен Риченхам.

Британските служби велат дека се очекува застојот да се реши за два – три дена. Во меѓувреме, вознемирени купувачи ги расчистија полиците во супермаркетите ширум Лондон после најавата за дополнителни рестриктивни мерки по новиот бран случаи на инфицирани од Ковид – 19.

Дефинитивно заради ширењето на заразата, зарем не? Многу е позаразен од предходниот. Значи, мораме да го направиме тоа што треба. Имислам дека луѓето ќе паничат, во паника купуваат. И мислам дека она кое што го видовме ситуацијата околу Брегзитот. Луѓето ќе пачинат и ќе купуваат уште повеќе, вели Шарлот, жителка на Лондон.

Повеќе од 36.800 луѓе во земјата имаат позитивен тест во рок од 24 часа, што е најголем дневен пораст од почетокот на пандемијата.

Во меѓувреме британската компанија „АстраЗенека“ соопшти дека нејзината вакцина против Ковид-19 би требало да биде ефикасна против новиот вид на коронавирус. Од компанијата тврдат дека се во тек анализи, за да може целосно да се испита влијанието на мутацијата.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе