Свет Топ вести

Вучиќ: С Македонија го смени и името, па не ја примија во ЕУ

Македонија дури и името го смени, а ЕУ ни тогаш со таа земја не ги отвори пристапните преговори, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, јави допсиникот на МИА од Белград.

Тој со ова одговори на новинарско прашање во специјална емисија на ТВ Прва, зошто ЕУ нема отворено ниту едно преговарачко поглавје со Србија.

– Навистина има многу работи што треба да ги направиме подобро и поинаку, ги започнавме и ќе продолжиме. Но, да ги поставиме работите сосема отворено. ЕУ не отвори преговори со Македонија која дури и го смени името на државата, а тие им ветуваа кули и градови, и нема со што се не ги измамуваа, а на крајот не ги отворија преговорите, кажа Вучиќ.

Тој изјави и дека Србија забрзано се приближува кон ЕУ кога станува збор за европскиот стандард, но дека не може да го достигне тоа одеднаш, бидејќи заостанувала повеќе од 100 години.

– Ако продолжиме вака, и ако сме број еден во следните три години во однос на економскиот раст во Европа, таа разлика драстично ќе се намали, посочи претседателот на Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека Србија нема да влезе во НАТО бидејќи е воено неутрална земја.

-Мислам дека ова е најдобра позиција, самите да ја штитиме нашата земја, нашето небо и нашиот народ и да продолжиме да се однесуваме така, рече Вучиќ.

И професорот на ФПН, Иво Висковиќ, на истата тема кажа дека не ја гледа Србија наскоро во НАТО, но верува дека во иднина тоа ќе зависи од тоа што ќе се случи во светот.

Копретседавачот на Игман иницијативата, Милан Антонијевиќ, на истото прашање рече дека не гледа Србија да влегува во НАТО, но дека влегувањето на Србија во тој сојуз е нешто што може да се случи во догледно време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе