Вести Свет Топ вести

И рачното броење на гласови му ја загарантира победата на Бајден – Трамп продолжува со хаосот во Белата Куќа

И повторното рачно пребројување на гласовите во сојузната држава Џорџија потврди дека демократот Џо Бајден го победи републиканцето, и актуелен претседател Доналд Трамп.

Новите резултатити кажуваат дека Бајден не победил со 14 илјади гласови повеќе, туку со 12. 284. Разликата, иако незначителна, сепак е доволна за победа, која Трамп не ја прифаќа. Но, Бајден е уверен дека Трамп знае кој е победникот, а начинот на кој целиот свет гледа како се однесува е доказ колку е неодговорен.

Она што претседателот го прави сега е навистина ќе биде уште еден инцидент со кој во историјата ќе биде запаметен како еден од најнеодговорните претседатели во Американската историја. Ова воопшто не е ниту според некоја норма. Не се знае дали и воопшто е законски, смета избраниот претседател Џо Бајден.

Тешко е да дознаете како размислува овој човек, вели Бајден за Трамп, но вели сепак е свесен дека јас сум тој кој ќе положи заклетва на 20-ти јанури во Белата Куќа. За правниот тим на Трамп, конечниот резултат во Џорџија бил очекуван, бидејќи како што велат пребројувани биле нелегални гласачки ливчиња.

Она за што зборувам се гласачки ливчиња за кои нема апликација. И тоа не е мала работа. Причината за апликацијата и причината овие работи да се спојат е токму да се избегне она што Демократите го направија со изборите, а тоа е злоупотреба на гласањето на луѓе кои лично не се појавиле, и процесот на гласање преку пошта, со цел да измамат, смета адвокатот на Трамп, Руди Џулијани.

Но, од менаџерот, кој ја набљудуваше имплементацијата на гласачкиот систем во Џорџија, а воеедно е и Републиканец вели дека – еден од можните проблеми кои овие машини би го напрвиле е да ги прескокнат гласовите или да ги сменат гласовите. Но, тоа не го сторија, најмалку во Џорџија, а тоа го докажавме.

Но, Трамп опстојува во својата безобразност, пишува Њујорк Тајмс. Како последен обид да докаже дека Демократите се дел од изборна измама, во Белата Куќа денска викна видни републиканци од оваа сојузна држава. Рапортот ќе го поднесуваат лидерот на сенатското мнозинство во Мичиген, и спикерот на Претставничкиот дом, кои ќе треба наводно да му дадат докази за местење гласови.

Трамп со ова продолжува да испраќа штетни пораки кон светот за тоа како функционира демократијата. Тешко е да се замисли полоша, понедемекратска акција на еден актуелен американски претседател, велат аналитичарите.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе