Вести Свет Топ вести

Од компликации од корона, почина патријархот на СПЦ, Иринеј

Утринава во Белград од компликации со коронавирусот почина српскиот патријарх Иринеј. Иринеј поради заразата со вирусот беше во болница од 5 ноември, а синоќа состојбата нагло му се влошила.

Со коронавирусот се бореше 15 дена, а во болница бил под постојан надзор на лекарите. Српскиот патријарх во болница заврши четири дена по погребот во Црна Гора на митрополитот Амфилохије кој го предводеше. 83-годишниот митрополит на СПЦ почина на 30 октомври од последици од ковид-19. Неговиот погреб се претвори во епидемиолошки високоризичен настан. Луѓето масовно се туркаа во желба да го бакнат или допрат телото на мртовецот кој неколку дена претходно беше позитивен на корона. Патријархот Иринеј би требало да биде погребен во центарот на Белград, во криптата на храмот Свети Сава, со што би станал првиот поглавар на СПЦ погребен таму. Оваа одлука може да се смени само ако Иринеј во тестаментот оставил посебна желба за место на погребување.

Според Уставот на СПЦ, Српскиот патријарх треба да биде избран најдоцна три месеци по испразнувањето на престолот. Дотогаш, чуварот на тронот, според правилата на СПЦ, би требало да биде најстариот митрополит. Во моментов тој е митрополитот Дабро-Босански, Хризостом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе