Вести Најважни

Гужва пред новиот пункт на ИЈЗ за тестирање на ковид 19

Пунктот почна со работа во 7:30. Редица од граѓани еден позади друг чекаат да им биде земен брис . Во оваа лабороторија работата двајца лаборанти , кои ќе прават пцр тесетови се до 14:30 . Луѓето со симптоми или оние кои имале контакт со ковид заболен , а имаат закажано термин на овој пункт – резултатите ќе можат да ги земат од 18:30 до 20 часот.

Со отворањето на овој пункт се отворија и нови 150 термини за тестирање. Според претседателот на комсиијата за заразни др Караџовски вели ддека метежот се создава затоа што  сите кои биле во контакт со болен, или имаат симптоми доаѓааат истовремено за да се проверат.

Инаку, првите 4000 брзи тестови веќе се пристигнати во здравствен дом скопје. Од таму ќе почнаат да се праќаат по пунктовите низ Скопје, по болниците каде што од негативен – пцр тест зависи леклувањето на пациентите,  гинеколошките болници . А , според последниот извештај на Институтот за јавно здравје само минатата недела се направени скоро 14.000 тестови , а четвртина од тестираните или 24 проценти добиле позитивен резултат.

Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, каде е забележана и највисока неделна инциденца, се вели во соопштението од  Институт за јавно здравје.

Во државава има вкупно 14 пунктови за тестирање за коронавирусот, се планира и отворање пункт за корона-тестирање во Ѓорче Петров, а до крајот на неделава ќе се знае и дали ќе може да се прават КОВИД тестови во приватните лаборатории, на сметка на Фондот .

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе