Свет Топ вести

Нови рестриктивни мерки во Англија- пабовите, баровите и рестораните со пократко работно време

Обединетото Кралство вчера го крена степенот на предупредување со кој го мери ширењето на епидемијата на коронавирус и одлучи пабовите и рестораните да работат пократко поради заканата од втор бран што може да убива и по повеќе од 200 луѓе на ден без „да го промени правецот“.

Во изјавата што денеска во парламентот треба да ја даде премиеерот Борис Џонсон „ќе се потврди дека, почнувајќи од четврток, пабовите, баровите и рестораните во Англија ќе мора да се затворат во 22 часот“, се наведува во синоќешното соопштение од Даунинг стрит.

Воедно, бројот на луѓе во овие објекти треба да се намали бидејќи во иднина ќе биде дозволено „само служење на маса“, ќе соопшти Џонсон на денешната утринска кризна седница на британската Влада.

Овие ограничувања доаѓаат во време кога раководителите на здравствени служби на четирите британски земји го зголемија нивото на тревога за вирусот од Трет на Четврти степен, што одговара на „покачено или експоненцијално зголемување на степенот на пренесување“.

Во Обединетото Кралство, најтешко погодената земја во Европа со речиси 42.000 смртни случаи,  во моментов „на секои седум дена има двојно зголемување на бројот на заразени“, предупреди синоќа владиниот советник Патрик Валанс во изјава за телевизијата.

Ако овој тренд продолжи „до средината на октомври ќе имаме по 50.000 заразени дневно“, додека според проценките сега имаме околу 6.000,  а тоа може да доведе и до „200 смртни случаи дневно, па дури и повеќе кон средината на ноември“, додаде тој.

-Ако не го смениме правецот, вирусот ќе се прошири. Ние сега сме токму на тој пат, рече професорот Крис Вити, главен британски епидемиолог.

Новите мерки, што денеска ќе ги објави Борис Џонсон, ќе важат само за Англија, бидејќи секоја британска земја ќе одлучи самата за коронавирусот. Но, Даунинг стрит соопшти дека премиерот вчера телефонски разговарал со шкотскиот, велшкиот и северноирскиот премиер  и дека „се согласиле, доколку тоа е можно, деновиве да заземат единствен став

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе