Вести Свет Топ вести

Успева ли корона стратегијата на Шведска?

По успешното справување со првиот бран од пандемијата, со доаѓањето на зимата, Европа е на средина од вториот бран на коорнавирус. Овонеделните бројки на заболени во рамките на ЕУ и Велика Бртанија надминаа 45 илјади, според европскиот центар за заштита од болести. Франција веројатно ќе биде најновото жариште, откако неколку дена по ред јавува за рекорди од над 13 илјади болни. Стапката на смртност е стабилна 72 дена, иако Бугарија, Хрватска, Малта, Романија и Шпанија излегуваат од оваа рамка. Неколку земји од утре веќе ги враќаат строгите мерки, воведувањето на карантин. И додека едните се борат да го намалат ширењето, Шведска јавува најмал број на заболени, со само 14 хоспитализирани пациенти. Кога сите ги затвораа училиштата, рестораните, па дури и границите – Швеѓаните уживаа на слобода. Оваа контроверзна стратегија го сврте вниманието на цел свет, но во истовреме во земјата имаше најмногу починати од корона вирусот во споредба со нејзините скандинавски соседи. Се уште не е јасно дали стратегијата на Шведска успева, но главниот нејзин архитект – епидемиологот Андрес Тегнел вели дека е рано да се каже. Иако е сигурен дека вториот бран е можно да ги одмине.

Ризикот од втор бран е мал во Шведска, но дефинитивно не сме имуни и мора да сме внимателни, и да го забележиме првиот знак кога нешто нема да е како што треба за да можеме да превенираме ескалација, вели Тегнел.

Во моментов, во Шведска болеста се шири меѓу младите, кои се враќаат на училиште, што според Тегнел и не е толку опасно.

Не е толку опасно за нив. Не изгледа дека се шири низ целото општество, но сепак треба да се набљудува, за да не ескалира, смета Тегнел. 

 Многумина им завудуваа на слободата што ја уживаа Швеѓаните, но потоа болеста почна да се шири во домовите за стари лица, и голем број од нив не упсеаа да се изборат, поради што Шведска имаше и најмногу починати во Скандинавија. Она што Шведска потоа го правеше е брзото менување на мерките. Имаше и социјална дистанца, и забрана за културни и спортски настани, забрана за собирања, но ништо од тие мерки неа беа присилно воведени. Шведска се насочи и на сопствено истражување – и заклучи дека носењето маски, нема да го даде посакуваниот ефект, да се создаде имунитет.

Не, мислам дека е добра одлука, бидејќи многу луѓе ја носат маската, а ја носат тука, под брадата, имаат цигара, пијат вода, и повторно ја ставаат, а тоа не е начин да се носи маската, вели Керол Розенгард, директор на Дом за млади со проблеми. 

Сепак, здравствените власти велат дека ако се влоши ситуацијата, маските ќе ги вратат, но не за долго, според министерката за здравство, бидејќи како што вели нема вечно да носиме маски. Ковид стратегијата на Шведска можеби успева тука, но сите држави се во различна фаза од панедмијата. Но, ова не ги спречи СЗО да и препорачаат на цела Европа да ја научи лекцијата од Шведска.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе