Македонија Топ вести

Груевски нема да добие упатен акт за во затвор, Кривичен ја чека пресудата од Врховен

Врховен пресуди за Тенк и ги потврди казните на апелација 2 години за Никола Груевски 4 за Гордана Јанкуловска и  4 ипол за Ѓоко Поповски. Највисокиот суд ги одбил жалбите на одбраната. Откако писмената пресуда ќе биде доставена до кривичниот суд ќе почне и процедурата за Јанкуловска да започне издржување на затворската казна. 

Пресудата за набавката на блиндираниот мерцедес од 600 илјади евра стана и конечна но експремиерот нема да добие упатен акт во унгарската претолнина каде за сега ги ужива предностите на азилот. Екс помошник министерот во МВР Поповски веќе е во затвор.  Пресудата од 4 години затвор на Врховниот суд  единствено Јанкуловска  ќе ја прими на слобода ,но ќе добие и упатен акт за во затвор. Кога ќе се случи тоа зависи од судовите.

5 мината судии од врховен одлуката ја донеле вчера но сега треба да напишат образложение на пресудата што ќе потрае најмалку неколку денови. Од врховен без да прецизираат рокови велат ќе бидат готови во најбрз можен рок. Од кривичен велат дека ја  чекаат пресудата и  процедурата за издржување на казната продолжува таму каде што  Осудената има право да бара одлагање доколку исполнува некоја од 8 те точки предвидени во законот.  Потоа на одлуката на судијата законот дава право на жалба пред кривичен совет со што целата постапка може да потрае неколку недели.

Кои ќе бидат следните чекори на Јанкуловска одбраната денеска не откри.

Таа претходно два пати го одложи одењето во затвор. Еднаш доби  одлагање од Кривичен за неколку месеци поради бебето кое тогаш немаше наполнето една година, вториот термин и беше за 1 јули 2019 но Врховен прифати таа да не оди во затвор додека не донесе одлука.

Ова е прв предмет на СЈО што помина на Врховен, а Јанкуловска прва поранешна министерка од редовите на вмро дпмне што треба да влезе во затвор откако ги исцрпе сите три судски инстанци во земјава. Но таа се жали и во судот за човекови права во Стразбур каде се повикувува помилувањата на експретседателот Иванов.

Тенк беше и првиот предмет за кој Груевски доби првостепена и второстепена пресуда по која требаше да влезе во затвор но скришум излезе од државата  додека институциите го бараа и чекаа сам да се јави во Шутка. За неговото бегство иако имаше истрага до сега никој не одговараше.

Јанкуловска одговараше за злоупотреба на службената положба, под влијание на Груевски го поттикнала Поповски да направи незакоснки тендер со кој ке фаворизирак упување на луксузен мерцедес. Груевски беше обивнет за поблаго криивчно дело примање награда за противзаконито влијание.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе