Македонија Топ вести

Општина Карпош ја расчистува депонијата кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош започна со чистење на депонијата во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, што изминатава недела гореше во два наврати.

Oд утринава, како што соопштија од Општината, на терен, интензивно се работи со соодветна тешка механизација, (гасеничари, камиони и сл.) а во акцијата ќе се вклучат и комуналните служби на општината.

Од 16 часот на овој дел ќе има двајца дежурни комунални редари на локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев апелира до СВР Скопје да се зголемат полициските патроли и дежурства во овој предел во текот на викендот и престојните денови.

Од Општина Карпош соопштуваат дека во  изминативе три години континуирано  се работи на чистење на депониите. Затворена е децениската депонија кај хотелот „Александар Палас”, во Злокуќани (кај фудбалското игралиште), како и во Бардовци (долж Лепенец), а целосно е исчистен и  израмнет теренот кај мостот „Газела”, што прераснува во нов парк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе