Доналд Трамп ја игнорира реалноста за пожарите. Идиотски е да им кажувате на луѓето „уште малку па ќе залади“, вели сенаторот Чак Шумер од Демократската партија во Америка, чии лидери во сојузните држави според Трамп не презеле навремени мерки за да ја спречат катастрофата од пожарите. За демократите, ова не е ништо ново. Сепак, овие негови дрдорења стануваат опасни.
Неверојатно е колкава штета прави овој човек со неговото гадно игнорирање. Не е само огнорирање, не е невино игнорирање. Тој си мисли ако зборува вака, ако ги игнорира проблемите и луѓето ќе го игнорираат. Но, луѓето умираат, и им горат куќите. И голем дел од земјата голта чад кој е опасен за нив, рече шумер.
На Трамп како да не му беше доволно што лично виде колкава е штетата од пеколните пожари во Калифорнија кои беснеат веќе цел месец, а 25 луѓе загинаа бегајќи од домовите. За него, научниците не знаат многу кога зборуваат дека климата се менува. Климатските промени не постојат, едноставно лошото менаџирање со шумите е главниот виновник за страотните шумски пожари на Западниот Брег, смета Трамп. Но, не и неговите сопартијци. Дел од нив сепак се согласуваат со науката.
Мислам дека нема сомнеж дека климата се менува. Тука нема сомнеж. Тоа е влијание кое се уште се изучува. Нешто, кон кое треба да се осврнеме. Мислам дека многу Републиканци имаат поголема доверба во технологијата за тоа како да се справат со проблемот за климатските промени, отколку да ја разнишуваат економијата со нешто како Зелен Договор, вели лидерот на републиканците во сенатот мич меконел.
И додека трае меѓупартискиот натрпевар за тоа дали климата се менува или не, и кој колку политички поени ќе добие со актуелните шумски пожари пред изборите во ноември, чадот од пожарите се префрли од Запад на Исток. Воздухот во Њујорк и Вашингтон е замаглен. Њујорчани дишат загаден воздух кој во висина оди речиси осум илјади метри. Во моментов најзагаден воздух на планетата дишат жителите на Портланд во сојузната држава Орегон, каде пожарите опустошија површина од 4 илјади квадратни километри, и изгореа илјадници домови.
Но, сега, според научниците климатските промени ќе предизвикаат и разорни урагани, оние кои дуваат со брзина од 150 километри на час, па дури и посилно.
Алиса Шутиноска