Свет

Продолжуваат протестите во Белорусија – полицијата уапси 250 луѓе

Десетици илјади луѓе маршираа денеска во Минск и други градови во Белорусија, во продолжението на повеќенеделните масовни протести против власта на Претседателот Александер Лукашенко.

На улиците на овие градови распоредени се и повеќе полициски сили, кои ги блокираат приодите кон клучните владини објекти.

Полицијата соопшти дека уапсиле околу 250 луѓе пред демонстрациите, закажани под името Марш на хероите, затоа што носеле плакати и знамиња со навредлива содржина.

Протестите во Белорусија беа предизвикани од оспорениот резултат од претседателските избори од 9-ти август и бруталната полициска интервенција која следуваше по првиот јавно изразен револт заради сомневањата за фалсификат.

Луѓето кои протестираат бараат оставка од Лукашенко, кој цели 26 години е на власт во Белорусија, иако тој ги негира обвинувањата и тврди дека немирите во неговата држава се предизвикани од западните земји.

Најголем дел од опозиционите лидери сега се во притвор или ја напуштија државата. 66 годишниот Лукашенко вети дека ќе ја брани Белорусија по секоја цена и нема никаква намера да се повлече од функцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе