Свет Топ вести

Помпео: Постои значителна шанса дека високи руски претставници наредиле труење на Навални

Американскиот државен секретар Мајк Помпео тврди дека постои „значителна шанса“ високи руски претставници да наредиле наводно труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални.

– Постои значителна шанса дека ова всушност потекнува од високи руски функционери, се наведува во транскриптот на Стејт департментот што изјавил Помпео за една радио станица.

Помпео рече дека САД проценуваат како да одговорат на тоа.

– Ние ќе се погрижиме да го сториме нашиот дел од работата за да направиме сè што можеме да го намалиме ризикот вакво нешто да не се повтори. Мислам дека светот созреа и се согласува дека нормалните земји не функционираат вака и ова ќе се покаже скапо за Русите, рече Помпео.

Навални, кој е во болница во Берлин, беше префрлен со авион во Германија откако минатиот месец му се слоши за време на авионски лет во Русија.

Германија тврди дека тој бил отруен со нервниот агенс „Новичок“ и дека целта била негово убиство, додека Русија наведува дека нема докази дека Навални бил отруен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе