Свет Топ вести

Марија Колесникова приведена на границата со Украина

„Јас, Марија Колесникова и членовите на кампањата на Виктор Бабарико го најавуваме денеска создавањето на политичка партија „Заедно“. Во изминатите три месеци постигнавме повеќе отколку во изминатите 26 години“, изјави на 1-ви септември Марија Колесникова, лидер на кампањата на Виктор Бабарик.

Не помина еден месец откако Марија Колесникова ја даде оваа изјава за отпочнување на предизборна кампања на чело со затворениот претседателски кандидат Виктор Бабарик на кого му беше забрането на учествува на изборите, кога маскирани лица со комбе ја грабнаа од центарот на Миск. Заедно со неа киднапирани беа опозиционерите Иван Кравчов и Антон Роднинков, за денеска пред изгрејсонце да ја минат границата со Украина. Белоруските медиуми кои се под директна контрол на актуелниот претседател Лукашенко кој по шестти пат се прогласи за победник на изборите, јавуваат дека таа е задржана на граница.

Но се уште нејасно што се случило на граничниот премин. Граничарите велат дека таа била во Бе-Ем-Ве-то, кое нагло забрзало, а Колесникова се „нашла надвор од визлото“, односно „била исфрлена надвор“ и продолжила да се движи кон Украина. Сега е во притвор, а двајцата нејзини придружници влегле во Украина.

Заменик украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашенко го опиша заминувањето на двајцата мажи како „присилно протерување“. „Марија Колесникова, остана на теторија на Белорусија, оваа храбра жена презеде мерки за спречи нејзино нејзино преминување на границата“, вели Герашенко. Новинаската агенција Интерфакс – Украина пак објавува дека Колесникова го искинала својот пасош на граница.

Марија Колесникова на патот (до границата) презеде мерки за да го оневозможи протесрувањето од територијата на Белорусија, бидејќи немаше документи. Според наше мислење тоа било акција на белоруската разузнавачка агенција, која имала за цел да ги онеспособи водачите на опозиционото белоруското движење, изјави Герашенко.

Светлана Тихановската, која на изборите му беше противкандидат на Александар Лукашенко, на местото на нејзиниот затворен сопруг, од Литванија ја повика меѓународната заедница да изврши птитисок врз актуелниот претседател кој е на функцијата 26 години.

-На мојата земја, на мојата нација, на мојот народ сега им е потребна помош. Потребен е меѓународен притисок врз овој режим, врз овој поединец кој очајнички се одржува на власт. Потребни се санкции против поединците кои ги издаваат и извршуваат казненеите налози, кои ги кршат меѓународните норми и човековите права. Потребно е ослободување на сите политички затвореници и отпочнување на цивилизиран дијалог за да се пронајдат начините нашата земја да тргне напред, соопшти Светлана Тихановската, кандидат за претседател на опозицијата.

ЕУ се уште ја составува листа со одговорни лица против кои ќе бидат воведени санкции, но истакнува дека е неприфатливото однесување на белоруските власти.

-Длабоко сме загрижени за континуираната репресија и застрашувачките ставови за необјаснивите апсења, многу често произволни апсења, апсења кои се политички мотивирани. Тоа е неприфатливо. Повикуваме сите луѓе кои се притворени на политичка основа и произволно, да бидат итно ослободени, рече Петар Стано, портпарол на Европската комисија.

Додека ЕУ најавува санкции, Лукашенко доби поддрша од Владимир Путин. За време на демонтрациите кои се одржаа викендот уапсени се 600 луѓе. Лукашенко, кој е власт од 1994 година, ги обвини западните сили за мешање во внатрешните работи на Белорусија, а денеска повтори дека состојбата во земјата може да ја реши само тој.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе