Македонија

Претставка до Судскиот совет за судијката што пресуди условна за сообраќајката кај “Млечен”

Пристрасно и незаконско било однесувањето на судијката Елена Илиевска Јосифовиќ во предметот за сообраќајката кај “Млечен” поради што Наташа Димитриевска, сопругата на починатиот Гоце Димитриевски,  поднесе претставка до Судскиот совет со која бара да ја разреши. Болките и лузните по телото кои останаа од тешката сообраќајка  секојдневно ги гледа и чувствува, но тоа не е ништо во споредба со болката од двојната загуба.

Судијката Иливска Јосифовиќ не се огласи. Соопштение  објави Кривичниот суд од каде велат дека непрофесионално и незаконски би било судот да ја коментираат пресуда на судија поединец кој е независен во своето постапување. На судот не му се допаѓаат критиките во јавноста. Велат  неетеички е  да се коментира и злоупотребува првостепена-неправосилна пресуда која во иднина може да биде сменет во делот на казната.

-На главната  расправа 63 – годишниот обвинети В.Ч. ја признал вината, а Судот, заради тоа, не навлегувајќи во утврдување на фактичката состојба и врз основа на сите олеснителни и отежителни околности изрекол осудителна пресуда, соопштија од Кривичен суд.

Димитриевска деновиве ќе поднесе  и за обвинителката Снежана Бундалевска Ѓоргиевска затоа што поднела обивнение дури година и половина по сообраќајката, а на судењето била пристрасна. Одлука по претставката ќе треба да донесе државниот обвинител Јовески, но од Скопското обвинителство веќе се огласија дека постапиле законски и најави жалба на пресудата.

-Од анализа на сите обезбедени докази и утврдената состојба, од кривично-правен аспект неспорно произлегува дека обвинетиот кривичното дело го сторил од небрежност, а не од умисла, бидејќи не направил сообраќаен пропуст кој би укажал на тоа дека свесно и волево ја предизвикал штетната последица – на раскрсница навлегол на зелено светло и возилото не го управувал под дејство на алкохол велат од ОЈО Скопје

За Димитриевска која е и адвокат, неприфатлива е квалификацијата на обвинителството дека  делото е сторено од небрежност, затоа што Васил Чорбаџиев свртел лево каде што има и знак дека е забрането, а и на двојна полна линија

Сега, доаѓајќи кон Судскиот совет, поминав по истата улицата каде што се случи несреќата и јасно се забележува знакот дека на тие семафори не смее да се врти налево. Има знак и има две дупли линии каде што е забрането вртење налево. Доколку анализирале и Обвинителството и Судот по однос на оваа околност, би утврдиле дека Васил Чорбаџиев живее во таа населба, секојдневно поминува на таа улица и знаел дека не смее да врти налево. Тоа не може да биде небрежност, затоа што е умисла, изјави Димитриевска

Оваа претставка ќе се најде пред членовите на Судскиот совет на наредната седница, најверојатно следната недела, вели претседатлеот на ова тело Киро Здравев кој денеска останал дома, откако член на судскиот совет излегол позитивен на корона вирусот и денеска  ги деизнфицираат просториите. Засега никој од друг не е во самоизолација вели Здрвев.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе