Свет Топ вести

Вучиќ: Србија сака да биде почитувана и во Вашингтон и во Москва и во Пекинг и во Брисел

Во петок драма, во сабота победа, денеска пресметка со меѓународната заедница. Српскиот претседател Вучиќ од Брисел им одговара на коментарите на Крл Билт и Марија Зафарова – криво им е заради добриот договор во Вашингтон.

-Големите сили и многу земји, мал е бројот на пријатели во светот, сите имаат свои интереси и многумина би сакале Србија во нечие име да се тепа против некого, а зошто тогаш Србија да оди во Белата куќа, зошто Србија да присуствува на такви состаноци или Србија мора да биде излез преку нас, не не Србија сака да биде почитувана и во Вашингтон и во Москва и во Пекинг и во Брисел. Ние мора да водиме своја политика, вели Вучиќ.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Захарова ја спореди фотографијата на Вучиќ и Трамп со сцена од „Ниски страсти“. Примитивизмот и вулгарноста зборуваат за неа остро возвари Вучиќ.

Во истовреме пак копретседавачот на Европскиот совет за надворешни работи, шветскиот дипломат Карл Билт на својот Твитер профил го објави видео во кое се гледа реакцијата на Вучиќ за време на обраќањето на Трамп во Овалната соба, во моментот кога го известува за преместувањето на српската амбасада од Тел авив во Ерусалим, а Вучиќ се фаќа за глава. Чин кој предизвика рекации во јавноста дали тој воопшто знаел што потпишува.

 

Пред два дена наречен историски договор за синоќа во интервју за Пинк за Вучиќ да го нарече размена на писма.

-Ова е фасцикла ова е она што го потпиша претседателот Трамп, ова е она што го потписав јас. Погледнете, ова е на нивна оригнална хартија. Ова се оргинали, ова не се никакви копиии. Ова е нешто што ние ќе го носиме во Белград. Ние всушност направивме размена на писма со САД, но да сме не фер. Ние добро знаеме која е содржината на договорот што го потпишаа Албанците, објаснува Вучиќ.

Но утре во Брисел Вучиќ е на нов мегадан со косовскиот премиер Авдулах Хоти, кој веќе најави дека ќе започнат преговорите меѓу Косово и Србија за меѓусебно признавање на двете држави. Тој на Фејсбук порача дека договор со Србија ќе се постигне единствено кога тој ќе се заокружи со меѓусебно признавање.

– Нема да има меѓудоговор или парцијален договор кој не го решава проблемот засекогаш. Ќе има само конечен договор за меѓусебно признавање, кој е систематски и во кој ќе бидат адресирани сите прашања кои треба да се решат меѓу две независни држави, врз основа на меѓународните конвенции, стандарди и практики за регулирање на односите меѓу две независни држави, напиша Хоти.

Европската унија да покаже „иста посветеност и сериозност“ кон Косово, како што тоа го прават Соединетите Американски Држави, повика Лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај. Тој побара од Брисел да го олесни признавањето на Косово од петте членки на Унијата кои се уште не го сториле тоа, како и да го исполни ветувањето за визна либерализација за косовските граѓани.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа на Римокатоличката црква

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе