Македонија Топ вести

Шекеринска: Исполнувањето на стратешките цели е како искачување на планина

Ако минатата година искачувањето на Галичица го симболизираше патот на Македонија кон НАТО, освојувањето на Бистра оваа година, по повод Денот на независноста 8 Септември, во организација на Министерството за одбрана, го симболизираше чекорењето на земјава како полноправна членка на НАТО.

„Не беше лесно, беше уште потешко бидејќи амбициите ни станаа уште поголеми. Во делот на одбраната имаме навистина амбициозни цели кои што се однесуваат на подобро организирана армија, помотивирана армија, поподготвена“, рече Радмила Шекеринска, министерка за одбрана

Дека не е лесно се уверија 200 вработени во министерството за одбрана, војници, новинари, НАТО и ЕУ амбасадори, кои 10 километарската планинарска тура по падините на Бистра ја изодеа во колона по еден. На првата, стигнаа и првите честитки по повод Денот на независноста од сојзниците во Алијансата.

„Јас учествував на планинирањето и минатата година, меѓутоа сега за првпат учестувувам откако Северна Македонија стана членка на НАТО. И искрено можам да кажам – ние сме НАТО, ние сме заедница и заедно сме како што бевме во оваа измината тешка година со многу предизвици, како НАТО семејство и да прославиме заедно“, рече Кејт Мери Брнс, амбасадор на САД во Р.С. Македонија

Но освен празнични честитки, од Бистра беше испратена и порака што е тоа што ја очекува следно земјава како членка на Алијансата. За прпвпат, како што рече Шекеринска од Алијансата, како членка, сме ги добиле НАТО способностите кои што ќе се очекуваат од земјава по неколку години, а кои ќе бидат репер како ќе се водат реформите.

„Лесната пешадиска борвбена група, се разбира еден дел, меѓутоа имаме и хируршки тимови, има и тимови од специјалци, навистина тоа ќе биде фокусот во следниот период. И вториот коментар, да ние на хартија ќе го намалиме бројот на позиции во Армијата, меѓутоа како што кажавме и пред две години, сите постоечки војници, подофицери и офицери, се не само сигурни, туку и ни се потребни“, изјави Шекеринска.

Шекеринска најави дека трансформација на Армијата, но и реформи во министерството за одбрана, како дел од големиот пакет, нема да бидат реформи на хартија, туку во реален живот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе