Македонија Топ вести

Инцидент на журка во Тетово – гостин вербално нападнал инспектори, се престставил како советник на Заев, па бил приведен

Се претставил како советник на премиерот Заев, вербално ги нападнал пазарните инспектори и завршил во полициска станица. Инспекторите вчера со полни раце работа. Забави без маски и дистанца и непочитување на Ковид протоколите и работното време. Два локали во Тетово ќе останат под клуч од 10 до 30 дена.

Бурна ноќ имало и во два локали во Струга. Забави со над 300 гости. Паднала и кривична пријава.

Најавите пак за масовни журки викендов  во струмичкото кафуле Аватар, поминале без проблеми. Инспекторите вчера утврдиле дека сега локалот ги почитувал и протоколите за Ковид 19 и работното време. По објавените видеа на социјалните мрежи од забавите со стотици гости, без маска и дистанца, клубот Аватар во јули беше затворен од пазарните инспектори. Но журките и видеата од нив продолжија и по отворањето, а минатиот викен заработи и кривична пријава од полицијата. Клубот сега е пререгистриран во кафуле, а инспекторите тврдат вчера имало 180 до 200 гости, но немало прекршоци.

Вчера пак беше пломбиран и локалот во ТЦ Бисер во скопска Аеродром  кој ја организираше првосептемвриската забава за средношколците.

Но и покрај контролите и казните масовните журките низ земјава не престануваат. Инспекторите најавуваат дека  нема да запрат ниту нивните контроли.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе