Македонија Топ вести

Шилегов бара Град Скопје да може да руши дивоградби – градоначалниците поделни во ставовите

Да се одземат инспекциските контроли и да се предадат на Град Скопје. Идејата е нова, а градоначалниците се поделија во табори. Блерим Беџети на Сарај е ПРОТИВ, Петре Шилегов предлага, а Богдановиќ на Центар е ЗА. Уривањето на МАвровка ги урна и надежите дека една општина може  до крај да се справи со една дивоградба. Општина Чаир констатираше дивоградба, но не успеа да најде фирма за уривање. Но освен правната процедура и реализацијата, потребни се и финансии кој  малите општини воопшто ги немаат предвидено однапред.

Освен што се нелегални дел од дивоградбите се и славни. Примерот на владата треба да стане пракса е мислењето на граѓаните, а стопанствениците прашуваат кога ќе падне „СИЛБО“ во Т.Ц „Бисер“, платформите на Матка, доградбите и парапетите на охридското крајбрежје.

Здружение на сопственици на деловни простории на ТЦ „Бисер“: „Во овој деловен објект смести машини за пекара, донесе струја, и целокупна опрема за производство и продажба пекарски производи. Оваа пекара СИЛБО на очиглед  на сите жители на Аеродром е ништо друго совен повеќе од демонстрација на моќ и сила и беззаконие.“

И на Матка ништо не се смени оваа летна сезона. Платформите останаа нечепнати, со изговор на општината дека сеуште трае жалбена постапка по одбивањето за легализација на монтажните објекти. Иако државната комсија за спречување корупција виде неправилности во постапувањето, јавнотот обвинтиелство одлучи да не го гони градоначалникот Блерим Беџети. Но, затоа кривичен проген следи за инвеститорот пред Мавровка. Само со казна затвор можат да се спречат дивоградбите уверен е градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Во општина Центар, се спаси партиската тераса на ВМРО-ДПМНЕ која ја немало во планот, но потоа беше прифатено дека е монтажна настрешница. За пет години безмалку 180. 000 дивоградби добија легален статус за цена од едно евро, а 100. 000 треба да се урнат оти не презеле ништо. Од 2016-та одново се легалазираат дивоградби по утврдена општинска цена, а минатиот собраниски состав немаше волја да го изгласа новито закон за дивоградби пред распуштањето за техничка влада со кој оние кои изградиле заклучно 2019 вон законите да плаќаат 50 процнети повисока цена.  Прашањето за дивоградбите стаса и до УНЕСКО кој го предупреди Град Охрид да урне повеќе од 2 дивоградби за да го спаси статусот на заштитеното езеро, процес кој сеуште тапка во место.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе