Свет Топ вести

Дваесет и две училишта се затворени во Франција поради случаи на коронавирус

Учебната 2020-2021 година во Франција почна за сите ученици на 1 септември, со почитување на санитарните мерки и протоколи, но по три дена настава 22 училишта се затворени, откако во нив беа откриени случаи на коронавирус, јави дописникот на МИА.

Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланкие, утринава соопшти дека во европскиот дел на Франција се затворени 12 училишта и десет на островот Реунион.

-Во однос на 60. 000 основни и средни училишта во Франција ова е релативно мала бројка, рече министерот.

„Што се однесува до одделенијата, погодени се околу стотина. Бројката се менува секојдневно. Ние  дневно активираме 250 антиковид протоколи. Односно дневно имаме по околу 250 сигнализирани сомневања за зараза со Ковид-19. Интересно е да се забележи дека сомневањата поврани со Ковид-19 во училиштата се поврзани со надворешни фактори“, истакна Жан Мишел Бланкие.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе