Српските медиуми јавуваат за најновите преговори Белград – Приштина, кои се одвиваат во Белата Куќа со посредство на ЕУ. Од српскиот тим јавуваат дека на српскиот претседател Александар Вучиќ на самиот старт на преговорите му бил врачен документ со 16 точки, од кои десетата била „меѓусебно признавање“.
Министерот за финасии, Синиша Мали, кој е дел од преговарачкиот тим, од Вашингтон јавува дека на состанокот многу малку се зборувало за претходно најавените економски мерки, а дека притосокот е огромен, бидејќи на секој збор од српска страна, сите присутни на состанокот реагирале многу агресивно.
Во 21 часот е најавено обраќање на Вучиќ кога ќе треба да и соопшти на јавноста што точно му било понудено на продолжението од разговорите со Косово во Белата Куќа.