Вести Свет Топ вести

Навални отруен со Новичок

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, е отруен со воен нервен агенс од групата Новичок, соопшти германската влада. Токсиколошките тестови кои ги правела воената германска лабораторија потврдиле, без сомнение, присуство на хемискиот нервен агенс од групата Новичок. Во соопштението се додава дека германската канцеларка Меркел веќе се сретнала со своите соработници од кабинетот за да ги договорат следниче чекори.

Резулатите од тестовите веќе ги имаат добиено сопругата на Навални како и лекарите кои го лечат во берлинската болница, а Германија наскоро ќе ги информира и ЕУ и НАТО, по што ќе излезат со заедничко соопштение.

Од Кремљ велат дека не добиле никаква информација од Германија за најновите резултати, кои ги потврдија сомнежите на приврзаницците на Навални, дека е отруен со нервен агенс по наредба на Путин. Официјална Москва ги негира обвинувањата.

Навални беше отруен на аеродром, чекајќи авион за Москва. Руските доктори отпрво соопштија дека не е отруен, по што на барање на семејството беше префрлен во Берлин, каде се уште е во индуцирана кома.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе