Избори 2020 Македонија Најважни

Изборот на претседател на Собранието се очекува утре

Изборот на претседател на Собранието се очекува да се одржи утре, велат за Телма избори од СДСМ, иако лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа на состанокот на Централниот совет на партијата седницата ја најави за денеска.

На функцијата треба да биде реизбран претседавачот и претседател на минатиот собраниски состав Талат Џафери, кој треба официјално да го закаже продолжението на конститутивната седница.

Според собраниски извори, во тек се разговори за продолжување на конститутивната седница. За какви разговори станува збор никој официјално не зборува. Дел од медиумите пишуваат за несогласувања во редовите на пратениците од ДУИ.

Со изборот на Џафери треба да биде и официјализирано мнозинството во Парламентот по склучениот договор за владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, а во која влегуваат партиите од коалицијата „Можеме“ и ДПА на Мендух Тачи. Според бројот, владејачкото мнозинството би имало 62 пратеници.

Очекувањата се дека предлогот за избор на Џафери за собраниски спикер ќе биде поднесен во Парламентот со потписи од 20 пратеници.

Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.

По изборот, претседателот на Собранието во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сотировски: Папата Франциск направи и радикални промени со поставување на претседателка на ватиканската администрација

Дејан Дејан

Ниту 2,15 милиони евра не му помогнаа на Јахоски да биде пуштен од притвор

Дејан Дејан

Ограбен домот на Битиќи: сеф со злато, 50 илјади евра и рачни часовници украдени од домот на поранешниот пратеник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе