Македонија Најважни

Како изгледа српската бодликава ограда за мигрантите- и покрај „ѕидовите“, мигрантите ја одржуваат балканската рута

На дваесетина метри, се слуша звук на дупчење и бушење, но тоа е веќе во друга држава за каде  треба негативен ПЦР тест за корона. Србија веќе два месеци го дига својот ѕид за мигрантите и бегалците од Азија и Африка.

Се наоѓа меѓу двата гранични премини на кои има многу гранична полиција и српска војска. Во тој простор ретко се откривани илегални преминувања токму поради многуте чувари на границата. Но оградата е дигната и веќе е поставена и бодликава жица.

Српските власти привремено за финансиска надомест ги одзедоа приватните ниви од локалните жители на прешевско за да ја дигнат оградата. Мерката е и поради корона вирусот, а ќе трае најмногу 3 години.

Корона пандемијата привремено во пролетните месеци го намали бројот на илегални преминувања, но летото има повторно зголемување и тоа за речиси двојно. Во јуни зголемувањето е за 50 проценти во однос на претходната година, но потоа трендот се зголемува. Бројките се само за откриени случаи, а успешните мигранти кои ќе ја минат Македонија се многу повеќе.

Полициската статистика покажува дека во првата половина на годината најмногу се откриени мигранти од Авганистан кои лани ги немало воопшто. Зголемен е бројот на бегалци од Сирија и од Бангладеш. Оние пак што ќе бидат откриени завршуваат во транзитнте центри, но бргу заминуваат оттаму барајќи ја среќата во побогатите и поуредени држави во западна Европа.

-Најголем дел од обидите се регистрирани на границата со Р Грција-10.885, потоа 1.461 се на северната граница со Србија и Косово, при што за два пати е зголемен бројот на обиди на границата со Србија, а значително зголемување на обидите е регистрирано на источната граница со Бугарија каде овој период спречени се 598 обиди како резултат на зголемениот број случаи на криумчарење на мигранти. Што се однесува до структурата на мигрантите, и оваа година најбројни се државјаните на Авганистан-28,5% и истите се речиси 100% зголемени споредено со минатата година. Во топ пет земји  кои се најзастапени се и мигрантите од Пакистан-14,7% застапеност и од Бангладеш-6,2%, а речиси двојно е  зголемен и бројот на мигранти од Сирија, одговорија од МВР.

Често ги користат и товарните возови за илегален прекуграничен трансфер. Во центарот кај Табановце пусто и празно, само неколкумина мигранти од Сирија и Пакистан беа во шаторите за престој, ни кажаа волонтерите кои работат во центарот.

Локалните жители сметаа дека не треба да зборуваат јавно за патниците кои минуваат покрај нивните домови иако зад камерата потврдуваат дека патеката на мигрантите на балканската рута е жива. Во оваа година откриени се 50-тина случаи на организирани криминални групи кои криумчареле мигранти и им наплаќале за “услугите”. Во првата половина од годината се откриени над 1250 мигранти и бегалци  кои биле жртви на криумчарите.

-Во првите 6 месеци од 2020-тата (јануари-јуни), откриените случаи на криумчарење мигранти се во пораст за 45,4% во споредба со истиот период минатата година, а со тоа зголемени се и преземените мерки на кривичен прогон (за 25% е зголемен бројот на регистрирани кривични дела). Изминатиот период од страна на полициските службеници откриени се 48 случаи, при обид да бидат прокриумчарени вкупно 1.251 мигранти. Мерки на кривичен прогон се преземени против 38 лица за сторени 30 кривични дела „криумчарење на мигранти“, соопштија од МВР.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе