Лицата позитивни на Ковид во изолација ќе седат десет дена ако се асимптоматски, а дваесет дена ако имаат симптоми. Сето ова без редовниот контролен тест кој изминатите месеци се правеше кај сите дијагностицирани. Тогаш мораа да чекаат два негативни теста за да излезат од изолација. Здравствените експерти одлуката ја темелат на научни истражувања во изминатите месеци.
Во меѓувреме, Комисијата за заштита од заразни болести утре ќе дискутира за потребата ПЦР тестови и за патници коишто транзитираат низ нашата земја.
Министерот за здравство смета дека нема потреба да ја пишува Македонија како земја од каде што пристигнуваат заболени лица во други држави, во случај кога тие само транзитираат. Ова уследи откако финските власти објавија дека во Турку повторно слетале позитивни патници со лет од Скопје, овојпат 12 на број. Ваква ситуација се случува веќе третпат.
Петар Догов