Македонија Топ вести

Не се знае датумот за почеток на учебната година, освен оние до трето одделение, другите ќе учат онлајн

Децата до трето одделение ќе почнат да одат во училиште, родителите ќе одлучуваат за нивното физичо присуство, додека за останатите наставата ќе се одвива онлајн со двонасочна комуникација.  Датумот за почеток на учебната година се уште не е прецизиран. Сепак, ваквата одлука согласно препораките на Комисијата за заразни болести е со два исклучока.

Учениците од прво до трето одделение наставата ќе ја следат со физичко присуство , имајќи го предвид нивниот социјален и емоционален развој, но тука е неопходна согласноста на родителите и ќе се испочитуваат протоколите кои ги подготви МОН – Арбер Адеми, министер за образование и наука.

Според министерот за здравство Венко Филипче  сите проценки велат дека кај најмалите деца заразноста е најмала и имаат главно лесна форма на болеста.

Вториот исклучок се однесува на барањата на општините за оние училишта кои имаат мал број паралелки и мал број ученици. Тие, во согласност со епидемиолошката состојба и по нивна иницијатива ќе се разгледува нивното барање дали да се даде согласност за реализирање на наставата со физичко присуство.

Моделите и протоколите за организирање на новата учебна година се веќе подготвени за првото тромесечје и за првото полугодие.

Секако дека профункционира националната програма ЕДУИНО каде и овој период се снимааат видео лекции од страна на активни наставници. Се прикачуваат на истата, така што во периодот што следи ќе има и теми и материјали кои се во согласност со наставната програма – Арбер Адеми, министер за образование и наука.

Во меѓувреме во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација се работи за една и единствена функционална национална платформа и ќе се обезбедат уреди за следење на онлајн настава за ученици од социјално загрозени семејства, додава Адеми.

Дали и колку ќе доцни учебната година уште не се знае бидејќи за тоа треба законски измени кои треба да се гласаат во Собрание.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе