Македонија Топ вести

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Оваа влада е измамничка и нелегитимна

Денес, кога јавноста беше известена дека е постигнат договор за ко-владеење помеѓу СДСМ и ДУИ, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива  изјавува дека станува збор за измама и нелегитимна влада. Како прво, е измамничка, затоа што и двете страни сериозно ги измамиле граѓаните и второ, е нелегитимна, затоа што партнер на оваа влада станува партија кој насилно и манипулативно ја ограби политичката волја на Албанците, се вели во реакцијата од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Прво, ДУИ измами, што денес го прекрши единственото предизборно ветување за албанскиот премиер и второ, го измами СДСМ, која пред изборите рече дека „во никој случај нема да се формира коалиција со ДУИ“. Затоа, за нашата коалиција, оваа влада не заслужува никаков политички респект и, како таква, ќе се соочи со 12 пратеници и народ кој нема да дозволи измама и узурпација на политичката волја.

После оваа мега-измама, што е над срамот во однос на моралот, што само нивното лице може да го издржи, Коалицијата заклучува дека во Северна Македонија се занимаваме со политичка каста, која утре ќе биде владата, која ќе владее без принципи, туку водени само од тесни деловни, клански и семејни интереси, велат од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Во овој контекст, борејќи се за вистинска демократија во нашата земја, како и да се грижиме граѓаните повторно да не бидат измамени, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе биде бранител и непоколеблив војник против оваа нелегитимна и измамничка влада.

Од утре сме на офанзива за, со сите демократски средства да ја вратиме демократијата, да престанеме со манипулацијата со политичката волја и да престанеме со измамата што виси како навика на главата на една земја која се стреми кон Европската унија.

 

 

 

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе