Македонија Топ вести

Почина директорот на ридско-брзинската трка во Пробиштип

Почина директорот на ридско-брзинската трка, која денеска се организираше во Пробиштип. Учесник во трката пред самиот финиш изгубил контрола над возилото и удрил во 62 годишниот Кире Андреевски-Кирца.  Поради трагичниот  инцидент на патеката, беше прекината ридско – брзинската трка, која беше прва од официјалниот календар на шампионатот на Македонија во автомобилизам.

По здобиените повреди при инцидентот, на пат кон болницата, животот го загуби 62 годишниот долгогодишен автомобилистички судија и директор на трката, член на Автомобилистичката федерација на Македонија, Кире Андреевски-Кирца, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

-Сакам да изразам искрено жалење и сочувство до семејството и неговите другари од Автомобилистичката федерација на Македонија. Знаејќи ги сите ризици кои ги носи овој спорт посакувам ваквите немили настани да се што поретки или воопшто да не се случуваат, вели Анастасов.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Дејан Дејан

Почнува судењето за сообраќајката во која беше прегазена Кулакова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе