По првото тестирање пред стартот од подготовките за продолжение на сезоната во НХЛ лигата, двајца хокеари се позитивни на Ковид 19 и според протоколот за безбедност се наоѓаат во изолација.
Тестирањето е извршено во периодот од 13 до 17 јули, а земени се примероци од вкупно 2618 лица од кои преку 800 се хокеари.
НХЛ не сакаше да ги соопшти имињата на позитивните, но потврди дека тимовите во текот на оваа недела ќе допатуваат во Едмонтон и Торонто кога ќе почнат со тренинзи, а веќе од 28 овој месец ќе може да играат контролни натпревари.
Продолжението на сезоната е закажано за први август.