Избори 2020 Македонија

Ефективни избори, но со нарушена правна несигурност е првичната оценка на ОДИХР

Ефективни и делотворно спроведени, но со нарушена правна стабилност  е прелиминарната оценка на Мисијата на ОДИХР за предвремените парламентарни избори во земјава. Иако граѓаните и ситу инволвирани беа пофалени за ефективните избори и нивно прилагодување на специфичите услови на пандемија, забелешките кои одат на конто на партиите, медиумите, но и на законската рамка и избирачкиот список, се конкретни и ни најмалку пофални.

Правната стабилност беше поткопана со значителните ревизии на Изборниот законик и последователните ад-хок регулативи кои што беа донесени во тек на вонредната состојба. Кампањата. Таа беше комептитивна и сите учесници во неа можеа да ги испрата своите пораки на различен начин и покрај тоа тшо традиционалниот контакт со гласачите беше ограничен. Сепак кампањите беа негативни во тонот и им недостигаше суштинска дебата за прашања на политиките. Медиумите обезбедија разновидно покривање на изборниот процес, но без критичка оценка на платформите на учениците, рече Лаима Андрикиене, шеф на Мисијата на ОДИХР.

Притоа препорака која во контекст на Изборниот законик го упатинна ОДИХР е дека изборната легислатива не треба да се менува најмалку една година пред избори. Дополнително ОДИХР смета дека е потребно и дополнителна елиминирање на празнините и недоследностите од законската рамка која го регулира финансирањето на кампањата. На институциите пак кои го вршат надзор на кампањата им недостига капацитет во финансии и екипираност.

Избирачкиот список повторно се најде во забелешките на ОДХИР.

1,8 милиони гласачи, и малку повеќе гласачи, се чини некако многу на избирачкиот список, изјави Андрикиене.

Констатацијата е дека и покрај сите препораки досега од ОДИХР недоволно е направено за системски и структурно да се реши регистрациата на гласачите.

Според ОДИХР се уште отворени прашања поврзани со Изборниот законик  и процесите кои често водат кон политички договори во последен момент  мора да бидат сериозно разгледани од властите пред идните избори.

Андрикеине одредбите кое го уредувата платенот политичко рекламирање рече дека ги фаворизираат трите најголеми партии.

Оцена добија и медиумите за своето известување на изборната кампања. Притоа констатација на ОДИХР е дека Телма телевизија во ударните термини на своите информативните емисии е еден од два национални радиодифузери кои обезбедиле еднакво пропорционално, политички релевантна покриеност, главно со неутрален тон.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На Граничниот премин Богородица не очекуваат долготрајно чекање

Дејан Дејан

Обвинителството истражува како се депонира пепелта во РЕК Битола

Дејан Дејан

Колапси и прејадување за Велигден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе