Вести Македонија Топ вести

Зголемен број на смртни случаи од Ковид-19

Паѓа бројот на ковид пациенти на на кои им треба болничко лекување ама смртноста од вирусот е висока. Повеќе од 300 луѓе ја изгубија битката со вирусот, а за 30 од починатите, дека имале корона , семејствата дознале по нивната смрт. Министерот Филипче потенцираше дека една третина од болните кои се носат во болница му подлегнале на КОВИД -19 за само неколку дена.

Инаку во моментов, најполно е во 8ми септември. Таму се лекуваат 140 пациенти, а околу 100 дишат со кислородна поддршка.

Инфективна, пак веќе некој период е полна,  централен довод со кислород се поставува во монтажната болница , во која сега лежат само неколку пациенти со полесна клиничка слика. Таму ќе работат лекари и сестри од Институтот за белодробни заболувања. Во Охрид и Битола, има слободни само неколку кревети.

Новиот КОВИД центар  во Козле досега примил 20тина пациенти , од кои 5 се деца. Најмладиот пациент е бебе старо 18 дена. Во болницата било примено со неговата мајка,  но двајцата се со поблаги симптоми и ќе бидат пуштени дома, јавуваат за Телма од Козле.

Освен ковид болните и луѓето на кои итно мора да им се направи операција , поради тумори, скршеници и поголеми повреди сите други оперирања се ставени на пауза. Директорот на Ургентен , др Хасани вели дека бројот на направени операции од почеток на пандемијта е преполовен. Кога ќе почнат да се прават и тие операции се чека одлука од здравство.

Деновиве ќе биде пуштен и системот за закажување „МојТермин” во оние клиники и одделенија каде лекарите не ротираат.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 27.4.2025

Дејан Дејан

Меџити: ДУИ прво ме контактираа мене со цел да ја растурат коалицијата „Вреди“

Дејан Дејан

Меџити: Членството на АА не сака да биде „гума за спасување“ на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе