Вести Свет

Заради притисок на јавноста – судскиот процес за убиството на Џорџ Флојд може да се спроведе и надвор од Минеаполис

Судијата Питер Кејхил од Окружниот суд во Хенеп, во Минеаполис, вчера предупреди  дека може постапката против четворица полицајци обвинети за смртта на Џорџ Флојд да ја префрли на друго место и да издаде наредба за забрана за откривање на било какви детали за јавноста, јавуваат локалните медиуми.

За време на краткото сослушување на секој од четворицата поранешни полицајци во Минеаполис, судијата Кејхил на нивните адвокати и на обвинителите им кажа дека е загрижен дека мешањето на јавноста може да ги загрози шансите за фер судење.

Еден од поранешните полицајци, Дерек Шовин (44), на 25 мај речиси девет минути го држеше коленото врз вратот на Флојд , кога тој и тројца други поранешни полицајци го апсеа, а тој подоцна почина во болницата.

Шовин, кој присуствуваше на рочиштето преку видео врска, се соочува со обвиненија за убиство од втор степен. Тројцата други полицајци, Џ. Александар Квенг, Ту Тао и Томас Лејн, се појавија лично и беа обвинети за помагање и поттикнување во овој случај. Ниту еден од четворицата не се изјасни за виновен.

На следното рочиште, на 11 септември, Кејхил ќе одлучи дали четворицата полицајци ќе бидат судени заедно или одделно.

Датумот за првото судење е одреден за 8 март 2021 година

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе