Вести Македонија Топ вести

Институт за Европска политика: За квалитетни разговори на маса мора да бидат барем дел од записниците, во спротивно, дилемите остануваат

Недостигот на протоколот меѓу документите што се испратени пред пратениците оневозможува суштествена дебата во Собранието, иако разговори мора да има и тоа на што пошироко ниво, забележуваат од Институтот за Европска политика. За квалитетни разговори, велат, на маса мора да бидат барем дел од записниците, во спротивно, дилемите остануваат.

Сѐ уште не може да се даде ниту конкретен одговор на прашањето, дали доколку се одбие францускиот предлог, ќе добиеме друг? Не се знае до кои консултативни фази е поминат документот во ЕУ, оттаму велат, и пораките во оваа фаза од типот на „тоа е тоа„, се повеќе политички, за да се прифати фактот дека, дел од спорните билатерални прашања се вклучени во рамката.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе