Вести Македонија

Редовните прегледи клучни за превенција од рак на кожа

Се зголемува бројот на млади луѓе со малигни промени на кожата не само кај нас туку и во светски рамки.

Раната дијагностика, редовните прегледи и подигнувањето на свеста кај населението за карциномите на кожа и појавата на меланом, посебно во летниот период се исклучително важни, порачуваат дерматолозите.

„Всушност најважен е самопрегледот. Ние ги едуцираме пациентите како да го извршат самопрегледот на сопствената кожа и при најмала сомнителна промена да се јават на дерматолог,  да се прегледа сомнителната лезија во правец на карцином на кожа. Колку порано се открие таа сомнителна лезија, хируршки се излекува и всушност животот се спасува. Еднаш месечно да се изврши самопрегледот на кожата, а еднаш годишно да се посети дерматолог за клинчки и дерматоскопски преглед на сомнителните лезии во правец на карцином“ – вели дерматовенерологот Зорица Зафировиќ.

Стилот на живот, професијата и однесувањето при изложеност на сонце го одредуваат ризикот за појава на рак на кожа.

„Ракот на кожата е поврзан со зголеменото изложување на сонце во текот на животот. Главната порака е дека ултравиолетовата километража, тоа значи колку километри поминала кожата на една индивидуа без адекватна заштита. Во тој правец апелираме пред секое излегување надвор да се заштитува кожата со соодветно фото заштитно средство и висок заштитен фактор и да не се престојува на јако сонце. Тоа се однесува и за професионалната експозиција, животниот стил и професијата како и однесувањето на индивидуите на сонце го одредуваат и ризикот за појава на рак на кожа“ – додава Зафировиќ.

Ракот на кожа е една од најчестите форми на рак во светот. Добрата вест е дека може да се спречи и лекува доколку се открие во ран стадиум на развој.

За граѓаните е важно да ги распознаваат знаците за рано откривање на меланомот, кој е еден од најретките, но животозагрозувачки, вели доктор Зафировиќ.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здравева: Бодувањето на членовите на ДКСК е како превртена пирамида, колку се повисоки на политичките партии, толку се пониски на граѓанското општество

Дејан Дејан

Трпеноски: Претседателката на ДКСК да се повлече од функцијата додека трае истрагата

Дејан Дејан

Трпеноски: ДКСК е во незгодна ситуација, истрагата против претседателката фрла црна дамка врз институцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе